Фото: РФМ

Информации за навивачите во Вараждин: Во сала ќе биде дозволено внесување само на официјалното знаме на Македонија

Maкедонските навивачи ги прават последните подготовки за Светското првенство и натпреварите на Македонија во Вараждин, а Ракометниот сојуз на Хрватска денеска објави низа правила до кои фановите ќе треба да се придржуваат.

Имено, според објават на Хрватската ракометна федерација дозволено ќе биде внесување само на официјално знаме на Македонија и најголемата димензија на истото ќе може да изнесува 2×1.5 метри. Се забранува и внесување на било какви тврди предмети.

Македонија првенството го започнува утре со натпреварот против Унгарија од 20:30 часот. Во првата фаза ќе се соочиме уште со Холандија на 17 и Гвинеја на 19 јануари.

Три репрезентации од групата ќе обезбедат место во втората фаза.

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов номинирани за најдобри судии во светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот