Инфоматеријали за Еразмус+ на Водно по повод Денот на Европа

 Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) денеска го одбележа Денот на Европа со симболично искачување на Водно од нејзиниот директор Марко Ѓоргиевски, вработените и млади европски амбасадори.

– Покрај убавата дружба, сите заинтересирани можеа да земат промотивни материјали преку кои ќе се информираат за можностите што ги нуди образовната програма Еразмус+. Овој ден ги славиме европските вредности, слобода, еднаквост, инклузија и заедништво, се она што, всушност, претставува Европа, соопшти  Агенцијата со повик да продолжиме да ги практикуваме европските вредности. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот