ИНФОГРАФИК: За едни зголемување на пензијата за 289 денари, за други – 1.682 денари

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување објави дека зголемувањето на пензиите од 2,9 проценти за минималните пензии значи нивно зголемување за 304 денари, а за просечните 460 денари.

Најнизок износ на пензии е 9.986 денари, но овие пензии се само дел од групата што Фондот за ПИОМ ја води како приматели со најниски пензии (зависно од годината на пензионирање), а во неа се пензиите од 9.986 денари па се до 12.801 денари. Така, за најниската од најниските пензии (ја примаат 3.185 пензионери), зголемувањето ќе биде 289 денари, а за највисоката најниска пензија (ја примаат 1.664 пензионери) зголемувањето ќе изнесува 371 денари.

Поразителен е податокот дека вкупниот број на пензионери во оваа група со најниски пензии (до 12.547 денари) е дури 80.809, или секој четврти пензионер е на минималец.

Максималните пензии, исто така зависно од годината кога е остварено правото на пензионирање, се движат од 40.548 денари до 57.992 денари. Најниската од најголемите пензии ја примаат 37 пензионери и за нив следува зголемување од 1.176 денари, додека највисок износ на пензија примаат 63 пензионери и тие на 57.992 денари ќе добијат дополнителни 1.682 денари.

Фото: Инфографик/Слободен печат

Инаку, просечен износ на пензиите во декември бил 15.867 денари и во просек секој ќе земе по уште 460 денари. Вкупниот број на пензионери во декември бил 328.570.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот