ИНФОГРАФИК: Во светот живеат повеќе мажи отколку жени, но до 2050 година тоа може да се смени

Луѓе уживаат во сончевото време во локалните кафулиња / Загреб, 21 ноември 2020 / Хрватска / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

На глобално ниво, бројот на мажи го надмина бројот на жени од средината на 1960-тите. Но, до 2050 година, се очекува соодносот на половите во светот да се изедначи, се вели во една неодамнешна студија објавена од страна на Обединетите нации.

Од 2021 година, имало околу 44 милиони повеќе мажи отколку жени во глобално ниво. Но, се очекува таа разлика да исчезне како резултат на неколку различни демографски трендови, сметаат од ОН.

Во следните децении, светската популација се очекува да старее поради падот на наталитетот во голем дел од земјите. Помеѓу 1950 и 2021 година, просечната глобална возраст порасна од 22 на 30 години. До 2050 година, ОН проектира дека просечната глобална возраст ќе надмине 35 години.

Обработка на податоци: СП. / Иван Самарџиев

Кога се говори за помладата популацијата,  машките „имаат предност“ бидејќи се раѓаат повеќе момчиња отколку девојчиња. Овој модел се влошува во земјите каде што селективните абортуси  и женското чедоморство придонесуваат за неурамнотежен однос на половите при раѓањето. Половите нееднаквости, исто така, ги прават девојчињата и жените поранливи на лошото здравје, често ставајќи ги на поголем ризик од смрт, вклучително и од компликации за време и по бременоста и породувањето, се вели во студијата на ОН.

Меѓутоа, во повеќето земји, жените имаат пониски стапки на смртност по раѓањето и во просек живеат подолго од мажите. Поголемата стапка на смртност кај мажите е поврзана најчесто со генетските разлики. Покрај тоа, повеќе мажи отколку жени починале како последица на ковид-19.

Со ваквите податоци, може да се заклучи дека женките се побројни од мажите на постара возраст. Во 2021 година, жените сочинуваат 56% од светската популација на возраст од 65 години и постари, вклучувајќи 59% во Европа и Северна Америка. Нивниот удел во глобалната популација од 65 и постари се предвидува да биде 54% до 2050 година.

Не само што проектот на ОН прави еднаквост меѓу половите до 2050 година, туку проектира дека жените ќе почнат да ги надминуваат машките во децениите по 2050 година.

Половите соодноси варираат во голема мера

Земјите со најголем сооднос помеѓу мажи и жени се Катар (266 мажи на 100 жени), Обединетите Арапски Емирати (228) и Бахреин (164). Во неколку земји од Персискиот Залив, овие широки полови разлики првенствено се должат на големата имигрантска популација од главно машки привремени работници. На пример, според проценките на ОН, 79% од населението на Катар во 2019 година е родено на друго место, а меѓу населението родено во странство, 83% биле мажи.

Во многу поранешни републики на Советскиот Сојуз, интересно е што овие бројки се целосно обратни. Поранешниот СССР е „претежно женски“, барем од Втората светска војна навака, кога милиони мажи загинаа во големите битки. На пример, на територијата која сега е Русија, во 1950 година имало само 77 мажи на 100 жени. Тој број постојано се зголемувал во следните децении, искачувајќи се на 88 до 1995 година пред повторно да почне да опаѓа. Неколку други земји од поранешниот Советски Сојуз забележале слични бројки, а во 2021 година, тие биле шест од 10-те нации со највисок сооднос на жените со мажите.

Обработка на податоци: СП. / Иван Самарџиев

Во некои земји, односот на половите може многу да се разликува според возраста. На пример, Ерменија е земја со најголема разлика во корист на жените (82 мажи на 100 жени), но сепак има повеќе новородени момчиња отколку девојчиња. Всушност, на секои 100 девојчиња родени во Ерменија, 110 се момчиња – шестиот највисок сооднос на полови во светот при раѓање во корист на момчињата.

Меѓу земјите во кои жените се побројни од мажите се Гвадалупе, Мартиник, Хонг Конг и Девствените Острови на САД.

Соединетите држави имаат повеќе жени отколку мажи од 1946 година, се наведува во податоците на Бирото за попис на САД. Во 2021 година, односот на половите на населението во САД беше 98 мажи на 100 жени. До 2050 година се очекува да биде 99.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот