ИНФОГРАФИК: Во која земја од ЕУ најмногу поскапе лебот?

Profimedia
Леб, Фото: Profimedia

Цената на лебот минатиот месец се зголеми за речиси една петтина во Европската унија, а како главна причина за тоа се наведува војната меѓу Русија и Украина, кои се сметаат за двете главни извозници на житарки и вештачки ѓубрива. Војната продолжи да ги нарушува глобалните пазари, а со тоа и да се забрза основната инфлација, пишува ЕУрактив.

Глобалните цени на пченицата се зголемија уште во февруари, откако војната со месеци го запре извозот на жито од Црното Море и ја ограничи испораката на ѓубрива бидејќи руските производители го загубија пристапот до пристаништата на Балтичкото Море што ги користеа за транспорт на амонијак, клучната состојка во нитратното ѓубриво.

Просечната цена на лебот во ЕУ беше за 18 отсто повисока во август 2022 година отколку истиот месец лани, покажаа податоците на Евростат што е највисок пораст од декември 2017 година, откако организацијата почна да работи со овие податоци.

Обработка на податоци: СП. / Иван Самарџиев

Во август 2021 година, просечната цена на лебот се зголеми за 3 отсто на годишно ниво, соопшти Евростат.

Унгарија и Литванија забележаа највисоки годишни промени во просечната цена на лебот, со зголемување од 66% и 33%, соодветно.

Земјите со најнизок просечен пораст беа Франција со 8%, и Холандија и Луксембург кои забележаа пораст од по 10%.

Цените на лебот годинава постојано се зголемуваат во земјите-членки на ЕУ, од просечните 8,3% во февруари, кога Русија ја започна она што ја нарекува „специјална воена операција“ во Украина.

Комбинираните цени на лебот и житариците се зголемија за 16,6% во август, што е нивен највисок пораст од јануари 1997 година.

Инфлацијата во еврозоната достигна рекордно високо ниво од 9,1 отсто во август, потврди Евростат, поттикната од нагло повисоките цени на енергијата и храната.

Во која земја од Западен Балкан најмногу поскапе лебот?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот