ИНФОГРАФИК: Ова се новите цени за роаминг!

Од денеска граѓаните ќе можат да користат интернет, да праќаат СМС, да повикуваат и да примаат повици по цени пониски и до 99 отсто, при секое патување во земјите од регионот (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија), рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Тоа конкретно ќе значи дека граѓаните ќе можат да вршат повици кон земјите од Западен Балкан, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово по цена од 5,4 денари по минута со вклучен ДДВ. Досегашната цена во просек изнесуваше 75,4 денари. Ќе можат да примаат повици по цена од 2,9 денари за минута. Досегашната цена беше 30,2 денари. Ќе можат да праќаат СМС по цена од 2,6 денари. Досегашната цена во просек беше 16,1 денар. Ќе можат да користат интернет по цена од 1,9 денари по мегабајт. Досегашната цена беше 257,4 денари Цените се линеарни и важат за сите земји и оператори со вклучен ДДВ – вели Манчевски.

Намалувањето на цените за Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина за појдовни повици е за 68,58 отсто, за дојдовни повици 31,67 отсто и за СМС 71,40 отсто и за интернет 89,40 отсто, додека за Албанија и Косово намалувањето на цената во сите сегменти е околу 93 отсто.

Манчевски информира дека на 1 јули 2021 година во целост ќе стапи на сила роаминг како од дома.

– Разговорите се веќе почнати за ова, но во исто време од 2021 година ќе почнат и преговорите со Европската унија, оти прво треба да го решиме проблемот во Западен Балкан – потенцираше Манчевски.

Моментално со различни земји од Европската унија цените се различни.

Манчевски рече дека и со Грција се преговара да се воведе ваков пакет, по изборите во оваа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот