ИНФОГРАФИК | Новинарството е опасна професијa

Графика - Најопасни држави во светот за новинари / Обработка на податоци: Слободен печат - Иван Самарџиев

Новинарската професијата е опасна. Тоа е добро познато секаде во светот особено откако започна и војната во Украина и многу новинари заминаа на воените жаришта, каде нема сигурност ниту за оние искусните.

Токму овој „данок“ се посочува во последниот извештај на „Репортери без граници“ за 2022 година кој наведува дека од почетокот на годината до овој момент, во светот, вршејќи ја својата работа, животот го загубиле вкупно 27 новинари.

Најмногу загинати новинари во државите низ светот во моментов има во Мексико, која важи за една од најопасните земји за медиумските работници.

Според инфографикот на Статиста која се повикува на извештај на „Репортери без граници“ во Мексико, од почетокот на годината до сега, животот го загубиле вкупно 8 новинари.

Веднаш зад оваа земја е Украина, во која според Статиста на боиштата во земјата досега загинале 7 новинари. Во листата понатаму следи Јемен со 2 загинати новинари, Хаити (2), Сирија (1), Бразил 1, Иран 1, Чад 1, Јемен 2, Индија 1, Бангладеш 1, Мјанмар (1) и Казахстан (1).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот