ИНФОГРАФИК: Најголема инфлација има во Македонија, најмала во Словенија

Пазарење производи во маркети на каса / ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Трошоците за живот забрзано растат во цел свет. Но, овој глобален тренд некаде е позиразен, а некаде помалку.

„Слободен печат“ ги спореди податоците што официјално ги објавуваат националните статистички агенции во регионот. Само Македонија и Словенија имаат објавено податоци за јулската инфлација. Но, ако се споредат податоците за јунската инфлација, може да се забележи дека во регионот Македонија има најголем раст на трошоците за живот, односно највисока инфлација. Судејќи според бројките, веројатно тој тренд е продолжен и во јули.

Ако пак, се анализираат само трошоците за храна, како егзистенцијано прашање, може да се забележи дека од Македонија, само Црна Гора, имала поголем раст на цените на ставката „Храна и безалкохолни пијалоци“.

Податоците за јунската инфлација покажуваат дека таа се движела од 10,4 проценти во Словенија до 14,5 проценти во Македонија. Во јули, како што деновиве објави Државниот завод за статистика, во Македонија имало инфлација од 16 проценти, односно толку пораснале вкупните трошоци за живот во однос на ланскиот јули, додека во Словенија, тие пораснале за 11 проценти.

Графика: Слободен печат / Иван Самарџиев

Со парите што ги дававме за една векна, сега може да се купи пола лепче

Извор: Радио Слободна Европа/ Обработка на податоци: Иван Самарџиев

Рекорден раст на цените на храната во САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот