ИНФОГРАФИК: Најевтините и најскапите земји во Европа

Статистичкото биро на ЕУ направи истражување во кое беа опфатени 440 производи во повеќе од 30 европски земји. Од „Еуростат“ ги споредиле актуелните цени со просекот на 28-те земји-членки на ЕУ и со алатка за визуализација на податоците направиле ранг-листа на земјите.

Цените на алкохолот и на тутунот имале широк спектар. Во Норвешка тие се за 126,1 отсто повисоки од просекот на ЕУ, додека во Бугарија тие се за 41,8 отсто пониски од просекот на ЕУ, објави „Еuronews.com“.

Цените за кошницата за храна во Данска се двојно повисоки од оние во Романија. Храната во трите земји што не се дел од ЕУ (Швајцарија, Норвешка и Исланд) е поскапа во споредба со земјите-членки на ЕУ.

Цените на храната во Швајцарија се за 63,6 отсто повисоки од просекот на ЕУ.

Домовите во Швајцарија се за 73,9 отсто повисоки од просекот на Европската Унија во 2018 година. Во Ирска тие се за 56,7 отсто повисоки од просекот во ЕУ, а во Велика Британија за 56,5 отсто. Романија, Полска и Бугарија имаат најевтини цени за домови.

Обединетото Кралство има повисоки цени од просекот на ЕУ за домување, алкохол и тутун, ресторани и хотели, рекреација, транспорт, телекомуникации и мебел. Но, облеката, храната и личниот превоз, како автомобили, мотоцикли или велосипеди, се поевтини од просекот на ЕУ.

Грција е најскапата земја за комуникации, а тука се вклучени поштенските, телефонските и интернет-услугите. Но, во секоја друга категорија, освен храната, цените во Грција се под просекот на ЕУ.

Романија и Бугарија честопати излегуваат како најевтини земји во Европа. Рестораните и хотелите се поевтини за 53,4 отсто во Бугарија и за 47,6 отсто во Романија од просекот на ЕУ.

Цените во Франција, Германија и во Белгија најчесто се повисоки од просекот на ЕУ.

„Еуростат“ ги рангира земјите според нивото на цените – економски индекс што утврдува како стојат земјите во споредба со другите во поглед на тековните цени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот