ИНФОГРАФИК: На Македонија женско и е само името! (ТРЕТ ДЕЛ)

Како што објавивме и вчера, денеска следи третиот дел во кој се гледа дека Македонија кубури со жени на јавни функции, односно дека Македонија и во 21 век е машка држава. Покрај тоа што на големо се слави 8 март и пошироката јавност зборува за родовата рамноправност, сепак, понежниот пол и натаму е дискриминиран во сите сфери на општетсвото.

„Слободен печат“ веќе објави неколку написи поврзани со родовата дискриминација, а сега, во серијал од три дела, ви ја претставуваме состојбата со застапеноста на жените во политиката и на поважните јавни функции.

Македонија конечно доби Гувернерка

Од незавиноста па досега функцијата Гувернер на Народната банка ја вршеле само мажи. Сепак, минатата година на оваа позиција беше поставена Анита Ангеловска-Бежоска, која е една од четирите жени во Европа која е на чело на Централната банка во својата држава.

Ниту еднаш немало жена на позицијата Јавен обвинител

Функцијата Јавен обвинител од кога Македонија е независна држава ја извршувале 8 претставници на посилниот пол. Ниту една жена не ја добила довербата да седне во оваа фотелја, иако досега во не толку голем број, припаднички на понежниот пол биле именувани за заменички Јавни обвинителки.

Омбудсманот не бил предводен од жена

Досега функцијата Народен Правобранител ја извршувале само двајца – Бранко Наумоски и Иџет Мемети. Исто како и кај Јавните обвинители, припадничките на понежниот пол во канцеларијата на Омбудсманот ја извршувале функцијата на заменички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот