ИНФОГРАФИК: Бугарија најголем „зависник“ од руската нафта во регионот

Руски гасовод
Фото EPA/ROBERT GHEMENT

Русија од почетокот на војната заработила 93 милијарди евра од извозот на фосилни горива

Извозот на фосилни горива е главен извор на средства со кои Русија ја финансира нејзината агресија во Украина.  Во исто време Бугарија е земја од регионот која од почетокот на инвазијата ѝплатила најмногу на Русија за нејзините фосилни горива, а по неа следува Грција, Унгарија и други. Ова меѓудугото го покажуваат извештајот на КРЕА (Ценар за истражувања на енергија и чист воздух). Во исто време документот покажува дека Кина е земја од светот која најмногу ги плаќа овие услуги на Русија, а зад неа се Германија, Италија, Холандија, Турција, Полска, Франција….

Поминаа повеќе од 130 дена откако руската армија ја нападна соседна Украина и започна целосна инвазија на земјата. Во тоа време, светот стана сведок на безброј немили настани, човекови страдања и сцени за кои никој не очекуваше да се случат во 21-виот век, пишува на истата тема бугарски Капитал.БГ.

Медиумот наведува дека рускиот министер за финансии Антон Силуанов  на неколкуи пати посочил покрај западните санкции за руската нафта и гас, добивката на земјата оваа година ќе се зголеми за 14 милијарди евра (главно поради зголемените цени), а дел од таа добивка ќе биде искористена за финансирање на армијата.

Во продолжение статистички ви ги пренесуваме податоците кој колку  увезува, користи и плаќа за руските енергенти во Светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот