ИНФОГРАФИК | МВР ефикасно во „расветлување“ на убиствата

Полиција / Фото: МВР
Изработил: Елисавета Бејкова

Бројот на умрените лица од насилна смрт е намален за 3,5 отсто во однос на претходната година и изнесува 438 умрени лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 1,7 отсто. На убиствата отпаѓаат три отсто од вкупниот број случаи со насилна смрт. Под убиство се сметаат случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда.

Изработил: Елисавета Бејкова

Бројот на убиствата во 2020 се намали за 59 отсто во однос на 2019 година, најниско ниво во однос на последните 15 години. Најголем број на убиства се случиле во 2001 година кога биле извршено 131 убиство.

– Посебно значење и за одбележување е исклучително високата ефикасност која резултираше со расветлување на сите случени убиства во 2020 година, за што кривично се пријавени 16 сторители. Кривичните дела кои се насочени против животот и телото имаат учество од само 5 отсто во вкупниот класичен криминал, а нивниот обем остануваа на речиси идентично ниво како и минатата година, при што од особена важност е намалувањето на бројот на убиствата кои во 2020 година се доведени на најниско ниво во однос на последните 15 години – велат за „Слободен печат“ од полицијата.

Изработил: Елисавета Бејкова

Три убиства се извршени со пукање од огнено оружје (едно со нелегално оружје), четири со употреба на ладно оружје. Жртви на овие кривични дела се 10 лица, од кои од пет се од машки, а пет од женски пол. Најстарата жртва е 63-годишна жена, а најмладата е 30-годишна жена. Во четири случаи убиствата се извршени при семејно насилство, а во еден случај се работи за двојно убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот