ВИДЕО: Инфлуенсерката Кафелникова се извини откако позираше гола на загрозен вид слон

instagram

Инфлуенсерката Алесиа Кафелникова на својот инстаграм-профил објави видео на кое може да се види како позира гола на загрозен вид слон, што предизвика голем број негативни реакции.

instagram

Како што пренесува 9GAG, веднаш откако на својот инстаграм-профил ги објавила фотографиите и видеото, се јавил портпаролот на здружението Save the Asian Elephants, кој не ја криел згрозеноста од нејзиното однесување.

Згрозен сум со овој настан. Госпоѓицата се сликала на загрозен вид азиски слон кој постојано се бори да преживее бидејќи брутално ги искористуваат за туризам и забава“, рекол портпаролот.

По низа негативни коментари, инфлуенсерката на својот профил објави фотографија под која го опиша своето воодушевување од слоновите и од островот што го посетила и рече дека веројатно нејзиното видео е погрешно протолкувано.

Ги сакам слоновите и го обожавам Бали! Се надевам дека секој од вас во себе ќе ја разбуди љубовта кон овие природни убавини. Се извинувам ако некого повредив со фотографиите. Немав лоша намера, со овие фотографии сакав да покажам колку ги сакам и ги почитувам животните“, напиша Алесиа во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alesya Kaf (@kafelnikova_a)

Слонот од Суматра на кој Алесиа позираше гола, е критично загрозен вид, првенствено поради деградацијата на неговото природно живеалиште. Видот не по потекло од Бали, на островот се  користи во туристичка понуда. Според извештајот на National Geographic, се проценува дека на светот има од 700 до 1000 суматрански слонови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот