Инфлуенсерка која има само девет години: Гордо чекори по пистите и привлекува големи компании (ФОТО)
Девојчето Нуала Чилдс пред нешто повеќе од година дена го отвори профилот на Инстаграм и досега собра повеќе од десет илјади следбеници. Ова девојче од Ливерпул има само девет години, а веќе привлече многу луѓе кои се воодушевени од нејзиниот стил еднакво како и големите брендови кои сакаат да соработуваат со неа, пренесува Дејли Мејл.
Толку е успешна што на лондонскиот „Fashion Week“ носеше креација од познатите брендови како „Lulu et Gigi Couture“ и „Marie Belle Couture“, а следната година планира да се шета по пистата во Њујорк. Ѕвездата од социјалните мрежи се дружи и со познатите, а брендовите постојано и испраќаат подароци со цел да ги промовира на својата страница.
– Се започна како хоби минатата година, отсекогаш сакаше да се фотографира. Интересно е тоа што таа зад камерите е многу срамежлива, но штом ќе застане пред апаратот, таа е друга личност. Многу е фотогенична – изјави за новинарите нејзината мајка Даниеле (39).