Инфлацијата во еврозоната останува на нивото од пред 3 години

Потрошувачката инфлацијаво еврозоната беше потврдена на 0,7% на годишно ниво во октомври 2019 година, најниско ниво од ноември 2016 година.

Цените на енергијата се намалија за 3,1% на годишна основа, откако во септември паднаа за 1,8%. Во исто време, инфлацијата во секторот услуги, храна, алкохол и тутун останува непроменета.

Од друга страна, цената на другите неенергетски индустриски производи се зголеми за 0,3%, наспроти растот од 0,2% во претходниот месец.

Меѓу најголемите економии во еврозоната, највисока годишна стапка на инфлација е забележана во Франција (0,9%) и Германија (0,9%), а потоа следат Италија (0,2%) и Шпанија (0,2%).

Годишната базна инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на стоките и што ЕЦБ ги разгледува при донесување на одлуки за монетарната политика, исто така, остана непроменета за 1,1%.

На месечна основа, потрошувачките цени се зголемија за 0,1%, откако во септември се зголемија за 0,2%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот