Инфлацијата во САД во јули покажа знаци на повлекување

Американски долар - официјалната валута на САД
Американски долар - официјалната валута на САД / Фото: EPA-EFE/ARSHAD ARBAB

Потрошувачките цени во САД во јули се зголемија за 8,5 отсто, споредбено со истиот месец лани, помалку од очекуваното, што е знак дека инфлацијата се повлекува, се наведува во најновиот Индекс на потрошувачките цени (ЦПИ) на Бирото за работничка статистика на САД.

Во јуни инфлацијата изнесуваше 9,1 процент.

Најдобар показател за тоа е падот на цените на бензинот во јули, што го намали притисокот врз потрошувачката кошничка минатиот месец. Сепак, порастот на вкупните цени забави само скромно, по четиридеценискиот максимум достигнат во јуни.

На месечна основа, цените беа непроменети од јуни до јули, што е најмал таков прираст повеќе од две години.

„Работиме на тоа да ја запреме инфлацијата“, изјави американскиот претседател Џо Бајден денеска од Белата куќа, при потпишување на закон за здравствена заштита на ветераните.

Сепак, цените растат на широк опсег на стоки и услуги, оставајќи повеќето од Американците во незавидна ситуација.

Просечните плати растат побрзо споредено со нивниот раст во изминатите години, но не доволно брзо за да бидат во чекор со забрзаните трошоци.

Подобрениот ЦПИ индекс ги покачи цените на акциите на главните берзи во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот