Инфлацијата во Германија забележа забавување во септември
Инфлацијата во Германија повторно значително забави во септември. Според прелиминарната проценка, стапката на раст на малопродажните цени на годишно ниво падна на 1,6 отсто, најниска од февруари 2021 година.
Тоа се должи пред се на цената на енергетските производи кои од август поевтинија за 7,6 отсто. Од друга страна, храната и услугите поскапеа, објави националниот завод за статистика Дестатис, пишува ДПА.
Силната инфлација која повеќе од две години ги тероризираше граѓаните и стопанството дефинитивно е минато. Растот на потрошувачките цени од почетокот на годината речиси континуирано забавува.
Стапката на инфлација во август изнесува 1,9 отсто, по 2,3 отсто во август.
Важната категорија базична инфлација, која ги исклучува попроменливите цени на енергијата и храната, падна од 2,8 на 2,7 отсто.
Економистите проценуваат дека инфлацијата ќе продолжи да се намалува.
Водечките економски институти во заедничкиот извештај минатата недела изјавија дека очекуваат просечен раст на малопродажните цени на стоките и услугите од 2,2 отсто оваа година, по 5,9 отсто во 2023 година.