Инфлацијата во еврозоната повторно соборува рекорди: Во декември се искачи на 5 отстo

Инфлација, илустрација / Фото: МИА

Инфлацијата во еврозоната порасна на 5,0 отсто на годишно ниво во декември 2021 година, што е ново рекордно ниво, покажуваат денешните прелиминарни податоци на статистичката служба на Европската унија, Евростат.

На годишна основа, инфлацијата во монетарниот блок во ноември изнесуваше 4,9 отсто.

Растот на индексот на потрошувачките цени во еврозоната во декември најмногу се должи на растот на цените на енергијата од 26 отсто на годишно ниво, додека цените на храната, алкохолот и тутунот се зголемени за 3,2 отсто, неенергетските индустриски производи за 2,9 отсто и услугите за 2,4 отсто, објавено на веб-страницата на Евростат.

пари евра
Евро / Фото: Unsplash

Највисоки стапки на инфлација меѓу земјите-членки на еврозоната во декември се забележани во Естонија од 12 отсто на годишно ниво и во Литванија од 10,7 отсто, додека најниски стапки се регистрирани во Малта, 2,6 отсто и во Португалија 2,8 отсто.

Високата стапка на раст на потрошувачките цени во еврозоната во последните месеци е главна тема во менаџерските кругови кои разговараат за тоа дали Европската централна банка (ЕЦБ) треба да заземе поагресивен став во борбата против инфлацијата.

Евра/Фото: Miguel Perfectti / Alamy / Alamy / Profimedia

ЕЦБ минатиот месец објави дека ќе ја заврши програмата за купување обврзници за корона, воведена пред две години кога изби пандемијата, до крајот на март, но вети дека ќе продолжи да купува според друга, редовна програма за стимулација во 2022 година.

Еврото денеска зајакна за 0,2 отсто во однос на доларот, а до утrinava се тргуваше за околу 1.131 долар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот