Инфлацијата го намалува рејтингот на американскиот претседател

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Годишниот раст на цените во САД е најголем во последните 30 години, поради што довербата во шефот на Белата куќа Џозеф Бајден падна на најнискиот претседателски рејтинг откако се мерењата.

Цените во изминатата година пораснаа во просек за 6,2 отсто. Најмногу поскапеа храната, особено месото, рибата и јајцата, а потоа следат гасот и горивото, киријата на становите, сметките за комунални услуги, старите автомобили и камионите, пишува Волстрит журнал. Меѓу ретките работи кои не поскапеа се авионските билети и алкохолните пијалоци.

Инфлација, илустрација / Фото: Архива на Слободен печат

Инфлацијата е поттикната од зголемената побарувачка за производи по укинувањето на рестриктивните мерки, доцнењето на набавката на одредени стоки и растот на платите во секторите каде што има недостиг на работна сила. Критичарите и замеруваат на владата, за одобрувањето на пакетите за економска помош, а Федералните резерви (централната банка) – за печатењето пари.

Од сите социјални проблеми, Американците се најмногу загрижени за економијата, а особено за инфлацијата, и веруваат дека администрацијата на Бајден не прави доволно за да ги смири нивните стравови. Според анкетите на јавното мислење, американците (53 проценти ) се загрижени заради инфлацијата, а 60 отсто од граѓаните сметаат дека претседателот Бајден не посветува доволно внимание на растот на цените.

Поради тоа, по објавувањето на новите податоци за инфлацијата, рејтингот на Бајден падна за уште еден процентен поен и сега изнесува 41 отсто, покажува истражувањето на „Вашингтон пост“ и на Еј-би-си.

Така Бајден се изедначи со својот претходник Доналд Трамп, кој имаше најлош рејтинг од сите американски претседатели досега. Кога станува збор за довербата што Американците ја имаат во Бајден на полето на економијата, поддршката за претседателот е уште послаба и не надминува 39 проценти.
Во интервју за Си-Би-Ес, министерката за финансии Џенет Јелен изјави дека епидемијата на корона вирусот е највиновна за инфлацијата и изјави дека очекува цените „да се вратат во нормала“ во втората половина на следната година доколку пандемијата заврши.

Фото: Фрипик

Таа потсети дека по појавата на инфекцијата многу луѓе останале без работа, но дека благодарение на владините програми за финансиска помош, невработеноста од 15 паднала на помалку од пет отсто, а платите се зголемуваат.

Администрацијата на Бајден неодамна одобри закон за инвестирање 1,2 трилиони (илјада милијарди) долари во инфраструктурата и има намера да потроши уште 1,75 трилиони долари за социјални бенефиции, инсистирајќи дека овие државни мерки нема дополнително да ја поттикнат инфлацијата.

И покрај тоа што Американците во анкетите изразуваат загриженост за високите цени и состојбата на економијата и за тоа го обвинуваат претседателот Бајден, нивното однесување како потрошувач не потврдува дека тие се навистина загрижени, пишува „Њујорк“ тајмс”.

Би се очекувало поради инфлацијата голем број жители да се воздржат од секакво непотребно пазарење, но се случува спротивното. Месечните купувања во малопродажните и онлајн продавниците се само зголемени за 1,7 отсто.

Судејќи според тоа колку Американците се држат до паричниците и кредитните картички, крајот на 2021 година повеќе личи на 2019 година, кога економијата беше на својот врв, отколку на пандемијата во 2020 година, па на трговците им се предвидува успешна сезона на празници.

Довербата на потрошувачите сведочи за отпорноста на американската економија на потреси за време на затворањето и карантинот.

Сепак, поради зголемената побарувачка, на која производителите и дистрибутерите се уште не се целосно прилагодени, се уште се можни доцнења во набавката на стоките, што дополнително ги зголемува цените.

Малопродажните синџири им порачуваат на клиентите дека полиците и магацините се полни и дека се е подготвено за купување новогодишни подароци.

 

Видео на денот