Инфицирано е и десетмесечно бебе: Состојбата со ковид-19 во Кичево секојдневно се влошува

Амбулантно возило / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во Кичево состојбата со ковид-19 секојдневно се влошува. Бројот на новозаболени е сѐ поголем, се појавија повеќе нови кластери од кои еден од 30 млади лица и за првпат од ковид-19 е инфицирано и десетмесечно бебе, а во ковид-центарот бројот на хоспитализирани секојдневно е во пораст.

– Последниве неколку седмици Кичево се најде во водечката група на градови по број на новозаболени лица од ковид-19. Во модуларниот ковид-центар денес се згрижени 22 пациенти од кои шест се на кислородна подршка, додека една особа е во исклучително тешка состојба и можно да биде транпортирана за Скопје, вели д-р Неџат Балажи од Општата болница во Кичево.

Посочи дека сѐ поголем број помлади лица се инфицирани со ковид-19, што во претходните три пикови не беше случај.

– Меѓу новозаболените во Кичево се поголем е бројот на лица под 40 – годишна возраст а бројот на новозаболени е така висок од причина што се појавија повеќе кластери, од кои најновиот го сочинуваат 30 млади лица кои биле изминативе 10 дена на одмор во Охрид. За првпат во нашата општина имаме инфицирано и бебе од 10 месеци што е во блиски роднински врски на еден од кластерите, нагласи докторот и потенцира дека интересот за тестирање е исклучително висок и само во текот на денешниот ден се тестирани повеќе од 50 лица.

Бидејќи состојбата со ковид-19 во нашата општина континуирано се влошува, потенцира, тоа го зголеми интересот за тестирање кај лицата кои имаат одредени симптоми налик на тие од ковид-19.

– Така во текот на денешниот ден до пладне се тестирани 13 лица од кои четири се позитивни, додека од 40 лица кои направиле рендген снимки кај 11 од нив резултатите се позитивни, додаде д-р Балажи.

Нагласи дека се поголем е притисокот за вакцинација кај сите популациски групи, а дека е важно да се вакцинираат, потврда се и лицата кои се хоспитализирани во ковид центарот и кои во најголем број немаат примено ниту една вакцина. Балажи додаде дека во скопските болници се наоѓаат четворица пациенти од Кичево со потешка клиничка слика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот