Инфантино: Здравјето на играчите е на прво место, а потоа е фудбалот

фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, истакна дека моментно е најважно состојбата околу коронавирусот да се стабилизира, да помине опасноста, па дури потоа ќе се размислува за фудбалот.

– На првото место е здравјето, па потоа се останто. За менаџерите значи да се надеваат на најдоброто, но и да се подготват за најлошото. нема место за паника, но да вибиде јасно, ќе се игра фудбал само кога ќесе овоможат такви услови со кои здравјето нема да биде загрозено – вели Инфантино.

Претседателот на ФИФА истакна дека има добра соработка со сите национални фудбалски федерации но и со челниците на лигите.

– Подготвени се да ги следат препораките на владите и на Светската здравствена организација. Им благодариме на докторите, медицинските сестри и сите кои ги ризикуваат своите животи за да спасат други животи. Тие се вистински херои. Ние треба да е адаптираме на актуелната состојба. Немаме избор, мора да преземеме мерки и сите ќе мора да се жртвуваме – додава Инфантино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот