Инфантино за трагедијата во Индонезија: Црн ден за сите љубители на фудбалот

Џани Инфантино, претседателот на ФИФА/фото: EPA-EFE/Jorge Torres

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино денеска изјави дека катастрофата што се случи на стадионот во Индонезија е „незамислива трагедија“.

Најмалку 174 луѓе го загубија животот во саботата во стампедо на крајот на фудбалски натпревар во градот Маланг на источниот индонезиски остров Јава, кога илјадници навивачи упаднаа на теренот, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.

– Светот на фудбалот е во состојба на шок по трагичните инциденти во Индонезија – се вели во соопштението на Инфантино и додава дека тоа е „црн ден за сите љубители на фудбалот“.

Тој упати длабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите.

– Заедно со ФИФА и фудбалската заедница, сите наши мисли и молитви во овие тешки моменти се насочени кон жртвите и повредените, како и до народот на Република Индонезија, Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ), индонезиската федерација и лига – напиша Инфантино.

На стадионите во Шпанија ќе се оддаде едноминутно молчење пред почетокот на денешните натпревари во знак на почит кон жртвите од катастрофата, соопштено е во таа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот