Инфантино уште еден мандат на чело на ФИФА

фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA

Инфантино ја презеде функцијата на претседател на ФИФА по најголемата криза која ја потресе организацијата.

Тој во 2015 година го наследи Сеп Блатер кој мораше да се повлече поради обвинувањата за мито и за местење на организацијата на неколку светски првенства.

Главните приоритети на Џани Инфантино во вториот мандат ќе му бидат зголемувањето на земји учесници на светските првенства од 32 на 48 репрезентации, додека тој од 2021 година сака да го реформира светското клупско првенство на кое би учествувале 24 екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот