Инфантино не е во „војна“ со УЕФА, но сака мечеви како Баерн-Бока јуниорс!

Од Англија пред неколку дена беше објавена вест дека најголемите клубови во Европа во соработка со ФИФА сакаат да организираат своја „Лига на шампиони“.

Еден затворен тип во кој би учествувале само 18 најбогати клубови. Тоа би бил директен удар кон УЕФА и ЛШ како нејзино најважно натпреварување.

Претседателот на ФИФА , Џани Инфантино денеска демантираше дека Светската фудбалска федерација стои зад проектот на т.н. Европска Премиер лига која ја сакаат најголемите клубови.

– Како претседател на ФИФА, заинтересиран сум за Светско клупско првенство, а не за Супер лига. За мене, поентата не е Баерн – Ливерпул, туку Баерн – Бока јуниорс. Ливерпул има 180 милиони навивачи, но 175 милиони се надвор од Англија. Фламенго има 40 милиони фанови, од кои 39 милиони се во Бразил. Сакам клубовите и надвор од Европа да имаат иднина. Мојата визија е да имаме 50 клубови и 50 репрезентации кои можат да бидат светски шампиони – рече Инфантино.

ФИФА не е во „војна“ со УЕФА, но не сака да гледа како првите луѓе на европскиот фудбал сами си собираат огромни суми пари од клупските натпреварувања. И ФИФА сака свој дел од „колачот“. Истовремено да не се загрози Лигата на шампионите и да не се отвори фронт со УЕФА.

– Светското клупско првенство нема да биде конкуренција за Лигата на шампионите. Разликата помеѓу Европа и остатокот од светот е голема и ќе продолжи да расте доколку не направиме нешто. Затоа сакаме да им помогнеме и на клубовите надвор од Европа да застанат на нозе. Кога ќе заврши ситуацијата со ковид-19, тие „проекти“ ќе оживеат. Додека трае овој вирус, ние мора да ги концентрираме силите за заедничка борба против него – додаде првиот човек на ФИФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот