Индустриското производство во февруари зголемено за еден отсто споредено со лани

Индустриското производство во февруари годинава во однос на февруари лани е зголемено за еден отсто, соопшти Државниот завод за статистика, додека вкупно, во првите два месеца од 2022, во споредба со 2021 година, е помало за 0.5 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи опаѓање од 1.3  отсто, во секторот преработувачка индустрија намалување од 2.6 отсто, а во секторот цнабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пораст од 45.4 отсто.

Намалувањето во преработувачката индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, производство на облека, производство на хемикалии и хемиски производи, производство на производи од гума и производи од пластични маси, производство на метали, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на електрична опрема и производство на машини и уреди, неспоменати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи пораст кај енергијата за 36.9 отсто, капиталните производи за 8.9 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.8 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот