Индустриските и трговските претпријатија најголеми учесници во стоковната размена

Претпријатијата од индустријата и трговијата ја реализираат најголемиот дел од вкупната стоковна размена на земјава со странство. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2017 година 90,4 отсто од вкупната стоковна размена е направена во овие два сектора.

Суфицитот во размената на стоки е генериран главно од претпријатијата што му припаѓаат на секторот индустрија, а дефицитот од претпријатијата што припаѓаат на секторот трговија.

Околу половина од вкупната вредност на извозот и на увозот е концентрирана во првите 50 претпријатија.

На страната на извозот, кај претпријатијата што се јавуваат како извозник и увозник истовремено, највисока вредност на извозот е реализирана од претпријатијата од секторот индустрија 88,4 отсто од вкупниот извоз. На страната на увозот се забележува истата појава, односно 53,3 отсто од вкупниот увоз е реализиран од претпријатијата од секторот индустрија што се јавуваат како увозник и извозник истовремено.

На страната на извозот, микропретпријатијата имаат најголемо учество во структурата според бројот на претпријатија 51,6 отсто, а во создавањето на вкупната вредност во секторот трговија учествуваат со 34,9 отсто. Големите претпријатија, покрај нивното незначително учество од 2,9 отсто во структурата според бројот на претпријатија, во создавањето на вкупната вредност во секторот индустрија учествуваат со 78,7 отсто.

На страната на увозот, микропретпријатијата имаат најголемо учество во структурата според бројот на претпријатија 63,1 отсто, а во создавањето на вкупната вредност во секторот трговија учествуваат со 26,3 отсто. Големите претпријатија, покрај нивното незначително учество од 1,6 отсто во структурата според бројот на претпријатија, во создавањето на вкупната вредност во секторот индустрија учествуваат со 73,4 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот