Индонезискиот претседател на Путин му пренел порака од Зеленски

Видодо и Путин во Москва/Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO/AP POOL / POOL

Индонезискиот претседател Џоко Видодо објави дека на неговиот руски колега Владимир Путин му ја пренел пораката од украинскиот лидер Владимир Зеленски, без да ја открие нејзината содржина.

„Пренесов порака од претседателот Зеленски до претседателот Путин”, рече тој по средбата со неговиот руски колега во Москва.

Тој не кажа каква е пораката, но додаде дека „изразил подготвеност да им помогне на двајцата лидери да комуницираат“.

Видодо вчера во Киев се сретна со Зеленски, а денеска пристигна во Москва за да разговара со рускиот претседател.

Индонезискиот претседател во моментов претседава со група земји од Г20 и кризна група на ОН формирана за да се справи со заканата од глобалниот глад.

Видодо го покани Зеленски на самитот на Г20 што ќе се одржи на Бали во ноември. АФП пренесува дека Зеленски одговорил дека неговото доаѓање зависи од тоа кој друг ќе биде таму. Имено, Русија е членка на Г20 и се очекува Путин да дојде на самитот.

Путин се двоуми за учеството на самитот на Г20 во Индонезија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот