Индонезија почна со тестирање на кинеската вакцина против коронавирус

Индонезија денеска почна со тестирање на вакцина против коронавирус, изработена од лабораторијата Синовац Биотек, на 1.600 волонтери.

Наречен Коронавак (Coronavac), таа е една од ретките вакцини во последната фаза од клиничките испитувања пред да добие дефинитивно одобрение за употреба. Тестирањето на вакцината е предвидено да трае до февруари.

Вакцината во исто време се тестира на 9.000 волонтери во Бразил, втора најтешко погодена земја од пандемијата на коронавирусот по САД.

Гувернерот на провинцијата Западна Јава, која има најмногу население во Индонезија, е еден од 1.620 лица кои треба да учествуваат во клиничките испитувања на вакцината, кои се предвидени да траат до февруари.

Доколку по овие тестови се покаже дека вакцината не е опасна и е ефикасна, индонезиските власти предвидуваат дека ќе произведат голем број дози за тој голем архипелаг со 270 милиони жители.

Индонезискиот претседател Џоко Видодо денеска ја посети фабриката во градот Бандунг во центарот на островот Јава, која ја води државната фармацевтска компанија Био Фарма, која треба да ја произведе вакцината.

– Уште еднаш потенцирам дека заканата од Ковид-19 нема да заврши сè додека не се вакцинираат сите Индонезијци, нагласи Видодо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот