Индискиот премиер препорачува јога за зајакнување на имунитетот против коронавирусот

Премиерот на Индија, Нарендра Моди ја пофали јогата како метод за зајакнување на имунолошкиот „заштитен оклоп” против коронавирусот, додека неговата земја се бори со распространетиот Ковид-19.

Моди, познат по тоа што редовно ја практикува оваа древна индиска техника, им ја препорача преку Јутјуб на своите сограѓани пред Светскиот ден на јогата, кој се одбележува в недела.

– Никаде во светот засега не е откриена вакцина против Ковид-19, рече Моди

– Поради тоа, само силен имунолошки систем може да биде заштитен оклоп или чувар за нас и членовите на нашето семејство … Јогата е наш сигурен пријател во градењето на тој заштитен оклоп, додаде тој.

Индиски лидер, вегетаријанец и голем противник на алкохол, го основаше Министерството за јога, ајурведа и други методи на традиционално лекување кога дојде на власт во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот