Премиерот на Индија, Нарендра Моди денеска изјави дека во земјата ќе бидат произведени повеќе вакцини против ковид-19, бидејќи Њу Делхи се обидува да спаси животи на луѓе во другите држави со извоз на лекови и на вакцини.
Моди истакна дека досега се објавени само две вакцини што се произведени, но најави дека наскоро ќе бидат достапни уште повеќе.
– Индија од самиот почеток на овој период на криза ги исполни одговорностите на светско ниво, поставувајќи инфраструктура за вакцинација, нагласи Моди на состанокот на Светскиот економски форум.