Индиски сили грешно убиле 14 цивили

Индиски војници
Војници во Индија/ Фото EPA-EFE/FAROOQ KHAN

Индиските сили по грешка убиле најмалку 14 цивили во североисточната држава Нагаланд, соопштија локалните власти.

Индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах изјави дека е вознемирен поради вестите за убиените цивили во пукањето доцна синоќа.

„Владата на државата темелно ќе го истражи овој инцидент за да обезбеди правда за ужалените семејства“, напиша Шах на Твитер.

Локалните медиуми објавија дека индиските безбедносни сили по грешка отвориле оган врз цивили, а не се знае точниот број на жртви. Не е јасно што довело до инцидентот во таа сојузна држава која се граничи со Мјанмар, пишува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот