Индиски омлет со зеленчук и кари

Фото: Unsplash

Индиската кујна е неверојатен спој на различни вкусови и магични зачини. Вегетаријанскиот и веганскиот начин на исхрана преовладува, а притоа Индијците веруваат дека тој тип на исхрана ја зголемува виталноста и енергијата бидејќи вклучува бројни јадења подготвени од свежа и органска храна без месо и конзерванси.

Доколку сте љубител на интересни комбинации на вкусови, а притоа уживате во здрави оброци тогаш сигурно ќе сакате да го пробате овој рецепт. Ако дополнително сте љубител и на индиската зачинета храна, ова е одличен начин да го замените класичниот омлет со овој индиски специјалитет. Најдоброто од сè е што овој оброк има малку калории, па е одличен доколку внимавате на исхраната ова лето.

Потребни состојки:

– 1 домат
– 1 зелена пиперка
– 1 кромид
– 3 белки од јајца
– 2 лути пиперки
– половина мала лажичка кари
– коријандер по вкус
– сол и бибер по вкус

Подготовка:

Во подлабок сад изматете ги белките, а потоа во истиот сад додадете ги ситно исечканите лути пиперки. Зачинете со бибер и сол по вкус и малку кари и убаво промешајте. Во садот со јајцата, лутите пиперки и зачините додатете ги и исечканата зелена пиперка и кромидот. За подобар вкус, зачинете со малку коријандер и убаво промешајте. На крај додајте го доматот и изматете ја смесата. На тава за пржење загрејте малку маслиново масло. Истурете ја целата смета и пржете неколку минути додека смесата не убаво не се испече од едната страна. Потоа превиткајте го омлетот на половина и пржете уште неколку минути од двете страни.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот