Индиски десерт: Рецепт за Ладу колачиња со кокос

Фото: Pexels/Juli Lianna

Ладу се традиционални колачиња, кои се дел од сечија трпеза во Индија, особено ако се работи за свадби или семејни прослави.

Нивната подготовка е брза и едноставна – сѐ што ви треба е брашно, путер и шеќер. По желба, можете да додадете и јаткасти плодови, кокосово брашно или суво грозје. Различните верзии на овие колачиња вклучуваат и состојки како кондензирано млеко, брашно од наут, ф’стаци и чоколадо.

Верзијата која ние ви ја пренесуваме е многу едноставна и содржи само две состојки.

Фото: Pexels/Juli Lianna

Потребни состојки:

  • 200 мл засладено кондензирано млеко
  • 150 гр кокосово брашно + за валкање на топчињата

Подготовка:

Измешајте ги млекото и кокосот, префрлете ги во тенџере и варете на тивок оган, мешајќи додека не добиете компактна смеса.

Додека смесата е сѐ уште топла, формирајте топчиња и извалкајте ги во кокосово брашно.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот