Индиската Влада во 2021 година на увоз на злато потрошила 55,7 милијарди долари

Злато / Фото: Архива на Слободен печат

Индија во 2021 година на увоз на злато потрошила рекордни 55,7 милијарди долари, во услови на силно закрепнување на побарувачката на овој благороден метал поттикната од падот на малопродажните цени и укинувањето на забраната за свадби поради пандемијата.

Владата лани увезла 1.050 тони злато, многу повеќе од двојно од 2020 година, а во потрошувачката на благородниот метал го надмина и рекордот од 2011 година, изјави владин функционер кој сакаше да остане анонимен, бидејќи не бил овластен да зборува за медиумите. Како потсетување, во 2020 година, владата потрошила 22 милијарди долари за увоз на злато.

-Минатата година побарувачката беше голема, бидејќи многу свадби со коронавирус беа одложени од 2020 за 2021 година, објасни трговецот со злато од Калкута, Харшад Ајмера.

Индиските власти воведоа мерки за штедење за време на првите бранови на пандемијата во 2020 година, погодувајќи ја побарувачката на злато за време на сезоната на свадби и клучните фестивали како Акшај Тритија, кога златото може да се купи по багателна цена.

Златото се смета за суштински дел од миразот на невестата во Индија и, исто така, е популарен подарок за свадби. Ајмера посочи дека корекцијата на цената на почетокот на минатата година го направи златото подостапно за клиентите на мало.

Во август 2020 година, цената на 10 грама злато на индискиот пазар достигна рекордни 56.191 рупии, за потоа во март лани да падне на 43.320 рупии, кога месечниот увоз порасна на рекордни 177 тони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот