Индиската полиција со помош на апликација поврза илјадници исчезнати деца со нивните семејства

Истрагата на полицијата откри дека таткото (30) и мајката (28) го закопале своето третородено дете заедно со двајца роднини, по налог на локален шаман кој тврдел дека бебето било опседнато од зли духови/ Фото: МИА

Индиската полиција поврза илјадници исчезнати деца со нивните семејства со помош на апликација за препознавање лица, за која велат дека ќе ја „сменат играта” во решавање на тој проблем.

Секоја година во Индија исчезнуваат илјадници деца, од кои голем број се продаваат за да просат, работат во ресторани, занаетчиската индустрија, фабрики и бордели.

Полицијата во јужната држава Теландан разви апликација за препознавање лица во рамки на „Операција осмев“, која има за цел решавање на проблемот со злоупотреба на детскиот труд и исчезнати деца.

– Резултатите се охрабрувачки, изјави Свати Лакра, висок официјален претставник, кој ја контролира кампањата.

Тој додаде дека претходно дека било предизвик да се работи со деца кои биле спасени, истакнувајќи дека долгорочното сместување деца во прифатилишта, на долги стази, не е идеално решение.

– Пронаоѓањето на нивните семејства и испраќањето дома е императив, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот