Индиска компанија доби одобрување за тестирање на вакцина за коронавирус на луѓе

Индиската компанија „Барат Биотек” (Bharat Biotech) е прва во Индија која доби одобрување од страна на владиниот регулатор за тестирање вакцина за Ковид-19 на луѓе во земја со повеќе од 1,3 милијарди луѓе, која бележи големо зголемување на новозаразени.

„Индискиот регулатор за лекови го одобри барањето на компанијата за испитување на Коваксин, кој е развиен заедно со Националниот институт за вирологија”, соопшти компанијата.

Тестирањето на вакцините врз луѓето низ целата земја треба да започне во јули.

Вакцината е развиена и произведена во фабриката „Барат Биотек” во Хајдерабад

Индија, која има помалку заразени само од САД, Бразил и Русија, вчера регистрира речиси 20.000 нови случаи, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Од почетокот на пандемијата во оваа земја починаа повеќе од 16.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот