Индијана го најде лекот за Лејкерси (ВИДЕО)

twitter/Indiana Pacers

Индијана пејсерс со триумфот од 105:102 ја прекина победничката серија на ЛА лејкерс која траеше 14 натпревари и истовремено им го нанесе само четвртиот пораз оваа сезона.

Во последната минута од натпреварот, Индијана со поените на Малком Брогдон дојде до предност од 104:102, а Леброн Џејмс на 11 секунди до крајот го промаши шутот за три поени, по што Домантас Сабонис ја завери победата.

Токму Сабонис со 26 поени и 10 скокови беше најпрецизен во опбедничкиот тим, додека кај „езерцата“ по 20 поени постигнаа Џејмс и Двајт Хауард.

За разлика од Лејкерс, вториот тим од Лос Анџелес, Клиперси остварија убедлив триумф од 21 поен разлика во натпреварот против Феникс. ЛА Клиперс победија со 120:99, а во главната улога беа Пол Џорџ со 24 поени и Каваи Ленард и Лу Вилијамс со по 20 постигнати поени.

Резултати:
Шарлот – Сакраменто 110:102
Индијана – ЛА лејкерс 105:102
Њујорк – Атланта 143:120
Њу Орлеанс – Бруклин 101:108
Јута – Орландо 109:102
ЛА Клиперс – Феникс 120:99.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот