Индијан Велс е само почеток, се откажуваат и турнирите во Мајами, Монте Карло и Рим?

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Турнирите од Мастерс серијата во Мајами, Монте Карло и Рим најверојатно ќе бидат откажани поради коронавирусот, пренесува „Марка“.

Организаторите на првиот годинешен Мастерс турнир во Индијан Велс на денот кога требаше да започне турнирот, соопштија дека тој е откажан поради коронавирусот, а оваа одлука се очекува да ја следат организаторите на наредните три Мастерс турнири.

Според шпанскиот весник „Марка“, во Индијан Велс е одржан состанок помеѓу тенисерите и организаторите на Мастерс турнирите, а главна тема се токму претстојните турнири од Мастерс серијата, во Мајами, Монте Карло и Рим.

Во Мајами веќе е откажан фестивалот „Ултра Мјузик“ (25 март), додека Мастерс турнирот е предвидено да се игра од 23 март до 5 април и официјалната одлука се очекува да биде соопштена неделава.

Голема е веројатноста да се откажат и турнирите во Монте Карло и Рим, бидејќи се наоѓаат во двете земји, Франција и Италија, каде има највеќе заболени од коронавирусот. „Марка“ пишува дека засега турнирот од Мастерс серијата во Мадрид (стартот е на 4 мај) нема да се одложи и така ќе остане доколку не се влоши состојбата со бројот на заразените во Шпанија.

Според „Марка“ висат и сите турнири кои треба да се играат во Кина, а Мастерсите во Индијан Велс и во Мајами би се играле во термините на турнирите во Пекинг (5 октомври) и Шангај (12 октомври), односно по одигрување на последниот годинешен грен слем турнир, УС Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот