Индија за десет години извлекла 271 милион луѓе од сиромаштија

Фото Архива на СП

Индија извлекла од сиромаштија 271 милион луѓе во периодот од 2006-2006 до 2015-2016 година, се наведува во последниот извештај на Обединетите нации.

Според извештајот, Индија регистрираше брза стапка на намалување на апсолутната сиромаштија на полето на мултидимензионалниот индекс на сиромаштија (МПИ).

Намалувањето на стапката на сиромаштија се мери со отстранување на недостатоците во десет параметри, вклучувајќи инфраструктура, гориво, санитарии и исхрана.

Сепак, и покрај некои големи промени во намалувањето на мултидимензионалната сиромаштија, 373 милиони Индијци се уште страдаат од акутна сиромаштија, а дополнителни 8,8 од населението живее во тешка мултидимензионална сиромаштија, додека 19,3 отсто од населението е подложно на мултидимензионална сиромаштија, се наведува во извештајот.

– МПИ укажува на голем напредок што Индија го направи во намалувањето на мултидимензионалната сиромаштија низ целата земја, исто така обезбедувајќи целосна слика за тоа кој е сиромашен, како осиромашил и каде живеат тие луѓе, изјави Шоко Нода, претставник на УНДП во Индија.

Според Нода, фактот што најсиромашните делови на земјата брзо ги изведуваат луѓето од сиромаштија ја покажува индиската заложба да обезбеди никој да не биде занемарен, во согласност со целите на Стратегијата за одржлив развој и владините приоритети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот