Индија тврди дека Пакистан ги активирал камповите за екстремисти

Фото Архива на СП

Пакистан, во својот дел на Кашмир, ги реактивираше камповите за обука на 500 милитанти кои чекаат да бидат тајно распоредени во Индија, објави денеска началникот на Генералштабот на индиската армија Бипин Рават.

Тој тврди дека камповите наводно се реактивирани, иако индиската авијација ги уништила во февруари годинава.

Од друга страна, високи официјални претставници на Пакистан ги негираа обвинувањата, но инсистираа на анонимност, бидејќи немаат дозвола да се појават во медиумите.

Тие тврдат дека индиската влада и војска „користат лажна пропаганда заради поддршка на репресијата во индискиот дел на Кашмир”, каде што беше воведен полициски час на почетокот на август кога Њу Делхи го суспендираше специјалниот статус на регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот