Индија: Судири на хиндуистите и муслиманите, уапсени 600 лица

Фото: EPA-EFE/STR

Судирите почнаа околу законот за државјанство кој Владата на премиерот Нарендра Моди го усвои во декември, врз чија основа индиското државјанство можат да добијат шест верски групи од соседните држави, но не и муслимани.

Индиската полиција денеска соопшти дека уапсила стотици луѓе и распоредила свои трупи во североисточниот дел на Њу Делхи откако најмалку 38 лица беа убиени оваа недела во судирите меѓу хиндусите и муслиманите.

Портпаролот на полицијата во Њу Делхи М.С. Рандава изјави дека полицијата собира докази, прегледува видеа со насилството и оти веќе уапсила повеќе од 600 лица.

– Апсењето е многу важно со цел ситуацијата да се стави под контрола – рече Рандава додавајќи дека нема извештаи за нови конфликти.

Судирите почнаа околу законот за државјанство кој Владата на премиерот Нарендра Моди го усвои во декември, врз чија основа индиското државјанство можат да добијат шест верски групи од соседните држави, но не и муслимани.

Критичарите велат дека законот е дискриминаторски кон муслиманите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот