Индија со воена парада го прослави Денот на Републиката

За време на церемонијата, студенти, танчери, фолклористи, полициски и армиски баталјони маршираа по патеката, а зад нив беше прикажана воената опрема која ја поседува земјата.

Илјадници Индијци излегоа на еден од главните булевари во главниот град на ЊуДелхи, за да присуствуваат на воената парада по повод Денот на Републиката и 70-годишнината од воведувањето на демократија во земјата.

За време на церемонијата, студенти, танчери, фолклористи, полициски и армиски баталјони маршираа по патеката, а зад нив беше прикажана воената опрема која ја поседува земјата.

На парадата имаше и бројни платформи на кои беше презентирана големата културна разновидност на Индија, додека мажите, жените и децата во шарени носии играа традиционални танци.

Парадата траеше 90 минути и се емитуваше во живо на телевизија.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро беше главен гостин на годинешната прослава. Индискиот претседател Рам Нат Ковинд и премиерот Нарендра Моди му доделија церемонијалната Почесна гарда во претседателската палата.

Пред парадата, Моди им оддаде почит на паднатите борци во новоизградениот воен меморијален центар во Њу Делхи.

Помали паради имаше и во главните градови на индиските држави.

Полицијата соопшти дека сепаратистичките екстремистикои  редовно ги бојкотираат прославите на Денот на Републиката фрлиле пет бомби во источната држава Асам. Никој не е повреден, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот