Индија со рекорден број на новозаразени, Мумбај се подготвува за целосно затворање

Фото: EPA-EFE/HARISH TYAGI

Индија денеска достигна рекорден број на новозаразени со коронавирусот, по што градот Мумбај се подготвува за целосно затворање од вечерва на полноќ.

И покрај тоа, стотици илјади аџии сè уште се собираат на верски фестивал во северниот дел на земјата.

Индија пријави 184.372 случаи на зараза со коронавирусот во последните 24 часа, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Вкупниот број на заразени во земјата изнесува близу 14 милиони, а досега починале 172.085 лица.

Од април годинава, Индија е една од земјите кои се најпогодени од пандемијата на коронавирусот. Властите ги обвинуваат луѓето за непочитувањето на мерките и физичкото растојанија, во населението од 1,39 милијарди луѓе.

Во Индија и приватните болници се преполни и одбиваат пациенти. Со тоа се врши уште поголем притисок врз државните болници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот