Индија мака мачи со пандемијата, регрутира поранешен воен медицински персонал

EPA-EFE/RAJAT GUPTA

Индија ќе регрутира стотици поранешни припадници на воениот медицински персонал за да му помогне на  здравствениот систем што е соочен со исклучително висок број на заразени со Ковид-19, соопшти денеска Министерството за одбрана на таа земја.

Околу 400 медицински службеници од индиската армија се очекува да служат по договор најмногу 11 месеци, соопшти Министерството, додавајќи дека и други воени лекари биле контактирани за консултации преку интернет.

Смртните случаи поврзани со Ковид-19 соборуваат рекорди на секои два или три дена, а бројот на смртни случаи се зголеми за повеќе од 4.000 втор ден по ред.

Многу индиски држави воведоа строги блокади во текот на минатиот месец, додека други најавија ограничувања на движење.

Расте и притисокот врз премиерот Нарендра Моди да воведе блокада на целата територија на земјата, како што беше случај за време на првиот бран минатата година.

Индиската медицинска асоцијација повика на „целосно, добро испланирано, претходно најавено” затворање наместо ноќни полициски часови и ограничувања воведени од државите за по неколку денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот