Индија ќе ја произведува вакцината Спутник В

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Индиската фармацевтска компанија Шилпа Медикер соопшти дека склучила договор со Др. Редис Лабораторис Лтд за производство на руската вакцина против Ковид-19, Спутник В.

Индиската фармацевтска компанија Шилпа Медикер соопшти дека склучила договор со Др. Редис Лабораторис Лтд за производство на руската вакцина против Ковид-19, Спутник В.

Се проценува дека годишно ќе се произведуваат 50 милиони дози на двокомпонентната вакцина.

Претходно Др. Редис Лабораторис Лтд, кој доби дозвола од индиските власти за увоз на вакцината и нејзината итна употреба, доби две серии руска вакцина и најави почеток на нејзина употреба минатата недела.

Компанијата истакна дека „целното производство на Спутник V од две дози за првите 12 месеци е 50 милиони дози”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот