Индија ја стигна Италија по бројот на заразени од коронавирусот

Индија ја престигна Италија по бројот на заразени со коронавирусот, откако регистрира уште еден рекорден дневен скок во бројот на нови случаи и сега е шеста најзагрозена земја во светот.

Во последните 24 часа во Индија се регистрирани 9.887 нови случаи, со што вкупниот број на заразени се искачи на 236.657, соопшти индиското Министерство за здравство.

Во Индија, според податоците од Интернет страницата Ворлдометерс, од Ковид-19 досега починале повеќе од 6.500 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот