Индија ја престигна Кина по бројот на жртви од коронавирусот: Пикот на епидемијата се уште не е достигнат

Индија по бројот на починати од Ковид-19 ја помина Кина, земјата во која кон крајот на минатата година се појави коронавирусот.

Според податоците на индиското министерство за здравство, бројот на починати е 4.706, во споредба со Кина каде е 4.638.

Со повеќе од 160.000 заразени, Индија по бројот на заболени ја помина Кина пред неколку недели, наведува Би-Би-Си.

Иако на Индија и се ближи крајот на четвртата фаза на карантин, се уште не е јасно што ќе се случува понатаму, бидејќи многу експерти велат дека пикот на епидемијата се уште не е достигнат и очекуваат дека тоа би можело да биде во јуни или јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот