Индија: Екипа педијатри упатена во болница каде за еден месец починале 100 деца

Владата на Рајаштан соопшти дека немало невнимание од страна на лекарите, бидејќи повеќето од починатите деца кои биле упатени во болницата во градот Кота од одалечените села, вклучувајќи и новородените деца, имале мала тежина по раѓањето, биле предвреме родени или добиле инфекции при раѓањето.

Индиското Министерство за здравство денеска упати екипа педијатри и други медицински стручњаци во градот Кота, во западна Индија, каде во последниот еден месец во државната болница починаа повеќе од 100 деца.

Индискиот министер за здравство Хараш Вархан изјави дека стручњаците ќе ги анализираат клиничките протоколи, давањето услуги, достапноста до работната сила и опремата за нега на мајките, новороденчињата и педијатриската нега во болницата Кота Медикал Колеџ, во државата Рајаштан, пренесоа американските медиуми.

Владата на Рајаштан соопшти дека немало невнимание од страна на лекарите, бидејќи повеќето од починатите деца кои биле упатени во болницата во градот Кота од одалечените села, вклучувајќи и новородените деца, имале мала тежина по раѓањето, биле предвреме родени или добиле инфекции при раѓањето.

Државниот министер Ашок Гехлот на својот Твитер налог наведе дека Министерството за здравство ја обезбедило најдобрата опрема во болницата, која се наоѓа 400 милометри југозапдно од Њу Делхи.

Индиски медиуми, меѓутоа, цитирајќи одредени неименувани извори од Министерството за здравство, наведуваат дека повеќе од 70 отсто од клучната опрема, како пумпи за инфузија, грејачи и распрскувачи за новороденчиња не биле во работна состојба во болницата. Оттаму се наведува дека постоел и недостиг од лекари и помошен персонал на одделението за педијатрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот