Индија е на пат да стане најголем увозник на руска нафта

руска нафта EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Русија е на пат да стане најголемиот добавувач на нафта во Индија овој месец, при што Москва ќе направи огромен упад во енергетскиот сектор на азискиот гигант, потег кој најверојатно ќе го поткопа влијанието на плафонот на цените наметнат од земјите на Г7 и нивните западни сојузници.

Индискиот увоз на руска сурова нафта се искачи на историски максимум во ноември, бидејќи рафинериите купуваа повеќе од 1,03 милиони барели дневно (бпд), според податоците доставени до британскиот Индепендент од трговецот за суровини Кплер.

Владата предводена од Нарендра Моди купува нафта по намалени цени од Русија од почетокот на инвазијата на Украина, додека западните земји работеа на намалување на нивната зависност од руските енергетски ресурси. Од речиси минималниот извоз во јануари и февруари оваа година, извозот на руска нафта се зголеми на 902.000 барели дневно до октомври и се искачи на рекордни нешто повеќе од 1 милион барели дневно во ноември, според прелиминарните податоци, објави порталот Кликс.ба.

 „Ова најверојатно ќе резултира со тоа Русија да биде снабдувач број 1 на Индија во декември“, рече Мет Смит, водечки аналитичар во Кплер, престигнувајќи ги за прв пат традиционалните партнери од Блискиот Исток Саудиска Арабија и сегашниот главен снабдувач Ирак.

Индија не се обврза на горната цена од 60 долари за барел за руската нафта што ја поставија земјите од Г7, вклучително и Европската унија и Австралија, во обид да ја намали заработката на Кремљ од извозот на нафта и да го спречи приливот на пари во воениот буџет на Владимир Путин.

Индија и Кина станаа двете најголеми економии во развој кои купуваат руска нафта додека западните демократии смислуваа начини да ја притиснат руската економија и да ја продлабочат нејзината изолација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот