Индексите растат веќе тред ден со ред: Надежта за опоравување на економиите го поттикна Волстрит

Пошироката слика за економската штета која пандемијата од корона вирусот ја предизвика врз најголемата светска економија ќе ја покаже утрешниот извештај за бројот на невработени и состојбата со вработеноста во земјата.

Берзантските индекси на Волстрит растат веќе неколку дена со ред бидејќи инвеститорите се оптимисти поради попуштањето на рестриктивните мерки, па се надеваат на брзо опоравување на економијата од коронакризата, додека масовните протести во САД и понатаму остануваат во втор план.

Дау Џонс скокна за 527 бодови или 2,05 отсто на 26.269, додека S&P 500 порасна за 1,36 отсто, на 3.122 бодови, а индексот Насдак 0,78 отсто, на 9.682 бодови.

Во 10 од 11 најважни сектори S&P 500 индексот кој се однесува на цената на акциите забележа силен скок.

Ваквиот тек е благодарение на вестите за попуштање на рестриктивните мерки и постепено отварање на економиите во сојузните држави. Се чувствува наклонетос кон ризични инвестиции поддржана со оптимизам во однос на економијата, но и од тоа што и нема други алтернативи, вели Дејвид Картер, директор во компанијата Ленокс Велт Адвизорс.

– Расте уверувањето дека американската економија може да се отвори, како што тоа успеа со кинеската и италијанската, додава Картер.

Инвеститорите се охрабрени и од намалувањето на лошите економски показатели. Вчера агенцијата за вработување извести дека во мај во приватниот сектор во САД без работа останале 2,7 милиони работници, помалку од очекувањата на аналитичарите и значително помалку во однос на април, кога беа затворени 19,5 милиони работни позиции.

Пошироката слика за економската штета која пандемијата од корона вирусот ја предизвика врз најголемата светска економија ќе ја покаже утрешниот извештај за бројот на невработени и состојбата со вработеноста во земјата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот